Гео Монд Инженеринг е геодетска компанија основана во 2009 година со седиште во Скопје, Република Македонија. Компанијата започнува со работа на 22.03.2009 година на чело со г-дин Орце Малинов.
Од своето основање до денес, забележуваме перманентен раст во однос на изработени проекти, професионална геодетска опрема, опрема за техничка поддршка, работни простории и најважно од се зголемување на бројот на вработени, професионалци, луѓе кои се главната сила за успех и просперитет на компанијата.
Од почетокот на нашата работа во 2009 година, се трудиме да напредуваме во понудата на најдобра услуга во земјата и нашата потрага по совршенство е мотивациска сила што ја води нашата компанија кон успешен развој и стекнување доверба од нашите лојални клиенти. Ние сме ангажирани во обезбедување на широк спектар на услуги од областа на геодезијата, користејќи современи технологии за производство на добри и точни податоци. Располагаме со висококвалитетна и професионална опрема и 4 теренски возила со кои можеме да одговориме на било каков професионален предизвик од областа на геодезијата.